Земјотресот со јачина од 7,5 степени се случи утрината кај Санрикуа на североисточниот брег на Јапонија со длабочина од 19 километри. Околу 100 домаќинства останаа без електрична енергија, а некои услуги на брзите возови беа обновени откако беа откажани.
Јапонските медиуми известија дека не се забележани никакви неправилности во нуклеарните електрани во префектурите Аомори и Мијаги, како ни во електраната Фукушима Даини, пренесе „Би-би-си“.
Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека Јапонија потврдила дека не дошло до истекување во нуклеарните постројки по земјотресот.
Разорниот земјотрес од 2011 година предизвика топење на јадрото во нуклеарната електрана Фукушима Даичи на источниот брег од земјата, по што властите со години се соочуваа со последниците од радиоактивна контамијација, пренесе „Танјуг“.












