
Килијан Мбапе имаше многу причини да слави во неделата откако неговиот тим, Реал (М) ја победи Барселона во „Ел Класико“, а тој беше двоен стрелец. Но, еден ден подоцна, му се случи вистинска катастрофа.
Репрезентативецот на Франција остана без „Златната топка“, откако ја освои Хари Кејн, а напаѓачот на Баерн (М) тесно го победи бомбардерот на „кралскиот клуб“. Но, тоа не е сè лошо што му се случи.
Имено, две големи кинески компании ја прекинале соработката со Мбапе. Според кинеските медиуми, одлуката дојде откако на социјалните мрежи беше споделено видео на кое Мбапе наводно се шегува за Мао Це Тунг, поранешниот кинески лидер и една од најважните историски личности во земјата.
Реакцијата од кинеските компании беше брза. Гигантот за енергетски и спортски пијалоци Донгпенг објави дека ја прекинува соработката со францускиот интернационалец, со порака дека има нулта толеранција за однесување што ги навредува националните чувства.
„Нашата компанија цврсто се спротивставува на какво било однесување што ги навредува националните чувства и има политика на нулта толеранција. Со непосреден ефект, ја прекинуваме секаква соработка со Килијан Мбапе“, соопшти компанијата.











