– Обезбедете сенка и не изложувајте ги животните на директно сонце. Никогаш не оставајте животно во паркирано возило, ниту „само за неколку минути“. Температурата во затворен автомобил достигнува опасни вредности за многу кратко време – нагласуваат од „Анима мунди“

 

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ предупредува дека со топлотниот бран, екстремно високите температури претставуваат сериозен ризик за животните.

Оттаму велат дека за бездомните животни, животните кои се чуваат на отворено, фармските животни и животните што се користат за работа (коњи, магариња и сл.), изложеноста на жештина може да предизвика дехидратација, топлотен удар и смрт.

Тие напомнуваат дека треба да се остави свежа вода на достапни и засенчени места пред домот, зградата или работното место.

 – Обезбедете сенка и не изложувајте ги животните на директно сонце. Никогаш не оставајте животно во паркирано возило, ниту „само за неколку минути“. Температурата во затворен автомобил достигнува опасни вредности за многу кратко време – нагласуваат од „Анима мунди“.

– Притоа, додаваат, граѓаните да пријават доколку се сведоци на држење животни во несоодветни услови.

Воедно, апелираат до Агенцијата за храна и ветеринарство, локалните инспекторати и другите надлежни инспекциски служби да спроведуваат засилени контроли и доследно да постапуваат по сите пријави за вакви случаи.

– Во услови на екстремни температури, заштитата на животните зависи од навремено и одговорно постапување – и од институциите и од секој поединец – сметаат од Здружението за заштита на животните.

 

ИЗДВОЕНИ