вторник, август 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Традиционални чествувања посветени на света Ана и на света Петка

Традиционални чествувања посветени на света Ана и на света Петка

3

Oд 6 до 8 август 2026 година, во срцето на Националниот парк „Пелистер“, во живописното село Маловиште, ќе се одржат традиционалните празнични чествувања посветени на света Ана и света Петка.

Во текот на трите празнични дена, верниците, жителите и бројните посетители ќе имаат можност да присуствуваат на свечените богослужби во манастирот „Св. Ана“ и во црквата „Св. Петка“, со што ќе се продолжи вековната традиција на заедничка молитва, духовност и почитување на празниците.

Покрај богослужбите, ќе бидат организирани и заедничка вечера и празничен ручек за сите присутни, а празничната атмосфера ќе биде збогатена и со пригодна музичка програма.

Организаторите ги покануваат сите верници, иселеници, гости и љубители на Пелистер да бидат дел од овие свечености и заедно да ги одбележат празничните денови во Маловиште – единственото село сместено во прегратките на Националниот парк „Пелистер“.

 

ИЗДВОЕНИ