петок, септември 18, 2026
Дома МАГАЗИН ГОЛЕМ ЧЕКОР КОН ПОБЕДАТА НАД РАКОТ: Русија најавува три нови вакцини

ГОЛЕМ ЧЕКОР КОН ПОБЕДАТА НАД РАКОТ: Русија најавува три нови вакцини

274

Русија планира да произведе три нови вакцини против рак, изјави за „Спутник“ Александар Гинзбург, академик на Руската академија на науките и научен директор на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“.

– Во иднина планираме да произведуваме вакцини против рак на мочен меур, рак на малите клетки на белите дробови и колоректален рак – објасни тој.

Во април, првиот пациент прими персонализирана вакцина за третман на меланом. Станува збор за 60-годишен жител на Курската област. Како што објави премиерот Михаил Мишустин во април, Русите ќе можат да ја добијат оваа вакцина преку задолжително здравствено осигурување.

ИЗДВОЕНИ