Американскиот кошаркар Најџел Вилијамс-Гос е пред продолжување на соработката со Жалгирис, дознава „Баскет њуз“.
Плејмејкерот е на чекор од потпис на нов тригодишен договор со литванскиот клуб, а во договорот наводно ќе има и клаузула за раскин.
Во текот на летото, за Вилијамс-Гос се појави интерес од Панатинаикос, но Жалгирис веднаш стави до знаење дека не планира да го пушти својот играч.
Американецот има значајно евролигашко искуство и досега во најсилното европско натпреварување просечно бележи 8,7 поени, 2,1 скок и 3,2 асистенции.
Доколку договорот биде официјализиран, Вилијамс-Гос ќе остане во Каунас и во наредните три сезони.











