вторник, август 25, 2026
Дома МАГАЗИН Трамп ги спушти знамињата на половина копје поради смртта на Доли Партон:...

Трамп ги спушти знамињата на половина копје поради смртта на Доли Партон: „Никогаш немало никој како неа“

0

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ оддаде почит на легендарната пејачка Доли Партон откако е објавена веста за нејзината смрт, најавувајќи дека знамињата низ САД ќе бидат спуштени на половина копје.

Трамп објави порака на социјалната мрежа Truth, истакнувајќи дека смртта на познатата кантри ѕвезда е голема загуба за милиони луѓе.

„Со голема тага морам да објавам дека Доли Партон, една од најголемите кантри пејачки на сите времиња и повеќе од тоа, штотуку почина. Ова е вистинска загуба за милиони луѓе. Никогаш немало никој како неа и никогаш повеќе нема да има. Во нејзина чест, го спуштам американското знаме низ САД во период од една недела, почнувајќи од вечерва. Почивај во мир, Доли! Светот те сака“, напиша Трамп.

Почина Доли Партон – кралицата на кантрито

Одлуката американските знамиња да се спуштат на половина копје е ретка чест, која обично се дава по смртта на истакната политичка или воена личност или по повод голема национална трагедија. Доли Партон ќе биде меѓу ретките уметници кои ќе добијат таква чест.

Легендарната пејачка почина денес во Нешвил. Во текот на изминатата година, таа се бореше со здравствени проблеми, што ја принуди да одложи планирана серија настапи во Лас Вегас. Концертите подоцна беа откажани во мај.

Смртта на Доли Партон го означи крајот на една извонредна музичка ера, а збогумските пораки и почестите веќе пристигнуваат од целиот свет за уметникот чиј глас и харизма обележаа генерации.

ИЗДВОЕНИ