Италијанската скијачка легенда, Федерика Брињоне (36), објави дека ѝ става крај на својата натпреварувачка кариера. Одлуката доаѓа по долгата и тешка борба со сериозната повреда на левата нога, и покрај нејзините големи напори да се врати на патеките.
Минатиот февруари, таа оствари фантастичен успех на домашен терен, освојувајќи два златни олимписки медали. Сепак, по уште едната операција на ногата во август, нејзиното закрепнување не се одвиваше според очекувањата.
По враќањето на тренинзите на снег оваа недела, сфатила дека сè уште не е подготвена за натпреварување.
- По овие два дена поминати на снег, сфатив дека ногата сè уште не е целосно заздравена и дека чувствувам преголема болка. Ова беше навистина тешка одлука, но иако направив сè што е во моја моќ за да се вратам на патеките, сериозноста на повредата едноставно не го дозволува тоа – порача Брињоне, најавувајќи дека сака уште еднаш да застане на стартната капија за достојно да се збогува со спортот.











