Двајца албански државјани се појавија пред судот во Норич, обвинети за провала во селската резиденција на британскиот принц Вилијам и принцезата Кејт во Норфолк. Според обвинителството, од имотот биле украдени шест пара манжетни и еден часовник.
Мирген Доку (34) и Арилен Ндочи (32) се задржани во притвор откако беа обвинети за провала со намера за кражба и неовластен влез на заштитен имот, пренесува „Гардијан“.
За време на рочиштето беше наведено дека осомничените, наводно, влегле во резиденцијата „Анмер Хол“ во понеделникот вечерта, искачувајќи се по олук за да влезат во гардеробер преку прозорец, пренесе „Танјуг“.












