За време на годишната вечера на Здружението на дописници од Белата куќа во хотелот Хилтон, на која присуствуваше и американскиот претседател Доналд Трамп синоќа, се случи инцидент кога напаѓачот испука повеќе истрели.
Осомничениот, кој е идентификуван како Кол Томас Ален, испукал повеќе истрели кон безбедносен контролен пункт во хотелот Вашингтон Хилтон, при што еден обезбедувач бил погоден во заштитната опрема и хоспитализиран.
Полицијата соопшти дека тој бил „вооружен со пушка, пиштол и повеќе ножеви“ и дека осомничените и полицајците „размениле оган“, при што еден обезбедувач бил застрелан во заштитната опрема.
Видеото го прикажува моментот кога агенти на Тајната служба го придружуваат Џ.Д. Венс од вечерата на дописниците од Белата куќа.
Weird … Vance escorted out before Trump. Then Trump falls down as he’s getting escorted out. pic.twitter.com/OxKSbMZcYx
— Meidas_Charise Lee (@charise_lee) April 26, 2026
На друго видео може да се види како агентите ги зграпчуваат Трамп и другите службени лица и ги евакуираат од сцената, при што претседателот се сопна и падна во еден момент во општата врева.
Додека го влечат на безбедно, гостите паничат барајќи засолниште среде хаотичните сцени што се одвиваа во лобито на хотелот. Низ ходникот одекнуваа извици „останете долу!“, додека гостите паѓаа на подот и бараа засолниште криејќи се под масите.
„Њујорк тајмс“, повикувајќи се на повеќе извори од спроведувањето на законот, објави дека осомничениот е 31-годишниот Кол Томас Ален од Торанс, Калифорнија, пренесе „Танјуг“.
Самиот Трамп подоцна се огласи на „Truth Social“, споделувајќи фотографија од маж како лежи на подот од хотелот. Полицијата потврди дека напаѓачот бил вооружен до заби: имал пушка, пиштол и неколку ножеви.
WATCH:
The dramatic moment Trump takes cover and is whisked away after White House correspondents shooting. pic.twitter.com/kVoEsIM3gr
— WarMonitor🇺🇦🇬🇧 (@WarMonitor3) April 26, 2026












