Европската куќа – Струга во соработка со Општина Струга и спортскиот клуб „Соларис“, на 16 мај организираат меѓународната велосипедска тура околу Охридското Езеро.
Вело турата, како што наведуваат, во должина од 90 километри, е по повод Денот на Европа, а ќе се реализира на потегот: Струга Поградец – Охрид – Струга.
– Учесниците може да очекуваат заедничко возење низ три града и нови познанства по пат, освежување и музички пунктови што ја прават турата позабавна, полициска и медицинска поддршка за безбедно искуство, материјали за учесниците и заеднички финиш и ручек како завршница на денот – соопштија од Европска куќа – Струга.
Бројот на учесници, како што е наведено, е ограничен по принципот „прв пријавен – прв услужен“.












