Овој проблем ѝ бил предочен на општинската администрација, но досега не се преземени никакви мерки.
-Уште кога се правеше улицата „Јуриј Гагарин“, укажавме на потребата да се стави уште еден слој асфалт кај делот пред зградата за да се нивелира и израмни со улицата. Дојдоа, фотографираа и рекоа дека ќе се направи, но тоа сè уште не е сторено – велат станарите.
Од Општина Карпош велат дека нивните стручни служби веднаш излегле на терен. По увидот било констатирано дека при реконструирањето е подигнато нивото на улицата, поради што и се собира водата. Ветуваат дека во координација со стручните служби од Град Скопје и јавното претпријатие „Водовод и канализација” во скоро време ќе изнајдат решение за решавање на овој проблем пријавен од граѓаните
Станарите од зградата број 25 која се наоѓа на улицата „Јуриј Гагарин“ во населбата Козле се револтирани дека при секој пообилен дожд влезот пред зградата им се претвора во езеро, па им се потребни чизми за да излезат од неа.
– Овде живеат и стари лица и деца, а доаѓа зима. Просторот пред зградата ќе се замрзне и ќе постои опасност некој да се лизне и да се повреди – се жалат станарите од оваа зграда.
Овој проблем ѝ бил предочен на општинската администрација, но досега не се преземени никакви мерки.
– Уште кога се правеше улицата „Јуриј Гагарин“ укажавме на потребата да се стави уште еден слој асфалт кај делот пред зградата за да се нивелира и израмни со улицата. Дојдоа, фотографии и рекоа дека ќе се направи, но тоа се уште не е сторено – велат станарите.
Тие итно бараат да се реши проблемот, со кој, како што велат, се соочуваат и соседните згради, бидејќи во овој период од годината дождовите се почести.
Освен тоа, тие се пожалија и на тоа дека во околните паркчиња меѓу зградите се уништени клупите, а оштетено е и детското игралиште.
Во врска со проблемот на улицата „Јуриј Гагарин”, од Општина Карпош велат дека нивните стручни служби, веднаш излегле на терен да ја увидат фактичката состојба.
– По увидот е констатирано дека при реконструирањето е подигнато нивото на улицата, поради што и се собира водата. Во координација со стручните служби од Град Скопје и јавното претпријатие „Водовод и канализација” во скоро време се очекува изнаоѓање на решение за решавање на овој проблем пријавен од граѓаните – одговорија од локалната самоуправа.
(А. П.) Фото: (П. С.)












