Комисијата за спорт при Советот на Општина Битола, согласно со јавниот повик, вчера, донела едногласна одлука за субвенционирање на спортски клубови во кои членуваат деца од ранливи категории.
Од Општина Битола информираат дека согласно со јавниот повик, Општината целосно ќе ја покрива членарината за децата од ранливи категории кои се дел од спортски клубови.
Со оваа мерка, како што вели претседателот на Советот, Бојан Бојкоски, Општина Битола го поттикнува активното учество во спортот, им дава поддршка на семејствата на кои им е најпотребна и овозможува еднаков развој и здрави навики кај децата.












