недела, октомври 25, 2026
Дома БАЛКАН Вучиќ призна пораз: Изгубивме!

Вучиќ призна пораз: Изгубивме!

1
EPA/ANDREJ CUKIC

Александар Вучиќ ѝ се обрати на јавноста и соопшти дека, според прелиминарните резултати, „Студентската листа“ победила на изборите.

Александар Вучиќ, носителот на листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“, ѝ се обрати на јавноста во 21:30 часот по повод вонредните парламентарни избори што денеска се одржаа во Србија, соопштувајќи дека победила „Студентската листа“. Сите избирачки места беа затворени во 20:00 часот, а во тек е пребројувањето на гласовите.

„Победи студентската листа. Тие имаат меѓу 135 и 140 мандати, ние имаме 105 мандати. Изгубивме“, изјави Вучиќ.

Според бројките што ги соопшти, студентската листа освоила околу 2,2 милиони гласови, додека неговата изборна листа добила приближно 1,72 милиони гласови.

И покрај изборниот пораз, Вучиќ порача дека неговиот политички блок ќе продолжи да дејствува како опозиција.

ИЗДВОЕНИ