петок, јуни 5, 2026
Дома СКОПСКА „Вело учи и вози“ во „Паркот на франкофонијата“

„Вело учи и вози“ во „Паркот на франкофонијата“

12

В понеделник, во организација на „Биди зелен“, Сојузот на извидници на Македонија и Општина Центар, од 19:00 до 21:00 часот, во „Паркот на франкофонијата“ ќе се одржи настанот „Вело учи и вози“ – ден посветен на забава, учење и одржливи навики преку велосипед и активности на отворено.

Во програмата се предвидени: учество на диџеј Гето Руд и добра музика, вело кино и кратки екофилмови, обраќања и презентации, како и забавни извиднички активности (cornhole, џиновска Џенга, стрелаштво и уште многу!), но и многу позитивна енергија на две тркала.

Од „Биди зелен“, ги повикуваат граѓаните да дојдат со велосипед и бидат дел од вечерта исполнета со заедништво, одржливост и забава.

 

ИЗДВОЕНИ