петок, јуни 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Велешанец „позајмил“ 4.000 евра за „да покаже дека еврото е валидно“, ама...

Велешанец „позајмил“ 4.000 евра за „да покаже дека еврото е валидно“, ама не му ги вратил на сопственикот

57

ОВР Неготино поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кавадарци против 67-годишен велешанец, осомничен за кривично дело „измама“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот се случил на 19 февруари годинава во Неготино, кога пријавениот побарал од 76-годишен неготинец сума од 4.000 евра, со образложение дека треба да му ги покаже на друго лице за да докаже дека еврото е валидна валута во земјава.

Откако ги зел парите, осомничениот не му ги вратил на оштетениот.

По преземени мерки од страна на полицијата, тој бил пронајден и лишен од слобода. Во службен разговор во полициска станица го признал делото, а било извршено и препознавање од страна на оштетениот.

Против него е поднесена соодветна кривична пријава.

ИЗДВОЕНИ