четврток, октомври 29, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Истрага за финансиски злоупотреби и измами: Претреси во приватни болници и во...

Истрага за финансиски злоупотреби и измами: Претреси во приватни болници и во ФЗО

23

Според неофицијални информации, утрово припадници од Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност – МВР повторно се во акција. Во тек се претреси на повеќе од 10 локации во Скопје, Тетово и Куманово.

Од утринава се спроведуваат претреси на десетина локации во рамки на нова акција на Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност (БЈБ) во Министерството за внатрешни работи.

Според првичните неофицијални информации, со истрагата се опфатени одговорни лица од приватна болница, како и вработени во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), а меѓу осомничените е и поранешниот директор на Фондот, Ден Дончев.

Осомничените, според досегашните информации, се поврзуваат со сомневања за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, измама и перење пари.

Засега нема официјални детали за опфатот на истрагата, ниту за евентуалните приведувања. Повеќе информации и официјално соопштение од надлежните институции се очекуваат во текот на денот.

ИЗДВОЕНИ