Традиционалната манифестација од областа на ликовната уметност – 16. Младински пролетен салон ќе биде отворен вечер во Мултимедијален центар „Мала станица. Проектот е дел од програмата на Националната галерија во рамките на едукативното одделение и е поддржан од Министерство за култура и туризам.
Темата за овогодинешниот Младински пролетен салон е пејзаж како инспирација. Изложбата ќе биде презентација на творби на ученици и студенти од средни училишта и факултети. Пејзажот како мотив е честа тема во творештвото на уметниците, присутен и близок на сите. Во зависност од афинитетот на уметникот нуди спектар на избор на пејзажи како марини, урбани пејзажи, зимски, летни, пролетни, есенски итн.
На најуспешните учесници ќе им бидат доделени пригодни награди и признанија од страна на жири – комисија. Културните настани, во случајов Младинскиот пролетен салон, се можност за социјализација и интеграција на младите низ дружење, забава и едукација. Младински пролетен салон ќе биде поставен во Мала станица до 15 мај. Автор на проектот е нивниот едукатор Ацо Таневски.












