четврток, јуни 11, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Еден работник загинат на лице место, тројца со тешки повреди

Еден работник загинат на лице место, тројца со тешки повреди

2411
Фото: П. Стојановски

Работник е загинат на лице место откако бил затрупан при ископ на темели на градилиште во Кисела Вода, потврди за весникот ВЕЧЕР др. Драган Панов од Итната медицинска помош. Тројца други се пренесени на Ургентниот центар со тешки телесни повреди, каде лекарите се борат за нивните животи. Загинатиот е на возраст од околу 34 години. Според лекарите на терен, долго траело извлекувањето на работниците.

Од Ургентниот центар велат дека се транспортирани тројца повредени градежни работници. Двајца од работниците се со полесни телесни повреди и контузии, во тек се дијагностички процедури. Кај едниот од нив веднаш е санирана повреда на лактот, а третиот псциент е со скршеници на двете потколеници и една натколеница.
Се следи здравствената состојба на повредените лица и продолжува нивниот медицински третман.

Претходно, од Министерството за внатрешни работи соопштија дека тројца работници се затрупани утрово при ископ на темели на градилиште во Скопје во општината Кисела Вода.

„Денеска (24.04.2026) во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на улицата Козјак во Скопје, при ископ на темели со земја биле затрупани тројца работници. Од нив, двајца се извадени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’, а во координација со Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Бригадата за противпожарна заштита се преземаат мерки за вадење и на третото лице“, се вели во соопштението на МВР.

Обвинителство и градежна инспекција на градилиштето во Кисела Вода, каде загина работник, а тројца се повредени

Немилиот настан се случил зад кафулето „Фејс“, во близина на паркот „Македонија“. На местото на настанот сеуште има амбулантни возила, полиција, противпожарни екипи.

Д-р Мерџановски за весникот ВЕЧЕР: Двајца работници во несреќата во Кисела Вода сè со полесни повреди, еден со скршеници

ИЗДВОЕНИ