недела, ноември 1, 2026
Дома МАГАЗИН Здравко Чолиќ во кратка и емотивна порака за последен поздрав: Сите почнавме...

Здравко Чолиќ во кратка и емотивна порака за последен поздрав: Сите почнавме со песните на Мишо Ковач

1

Музичката легенда Здравко Чолиќ се прости од уште еден великан на музичката сцена – Мишо Ковач – со кратка и емотивна порака.

Мишо почина вчера на 86-годишна возраст.

„Сите почнавме со твоите песни, а преку нив, ти засекогаш ќе живееш во нас“, стои во пораката објавена на официјалниот Инстаграм-профил на Здравко Чолиќ, придружена со фотографија од Ковач.

За потсетување, Ковач ќе биде погребан на загрепските гробишта „Мирогој“, покрај неговиот син Еди, кој почина пред повеќе од 30 години.

Датумот на погребот сè уште не е објавен.

ИЗДВОЕНИ