До 13 часот на вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница гласале 4.518 избирачи, што претставува 27,81 отсто од вкупниот број запишани гласачи, соопшти Државната изборна комисија.
Според податоците доставени до ДИК од сите 24 избирачки места, излезеноста до 13 часот е за 7,31 процентен поен повисока во споредба со истиот временски период на првиот круг од изборите, одржан пред две недели.
Во однос на заштитата на избирачкото право, до 13 часот до Комисијата бил поднесен еден приговор, кој бил усвоен, по што на гласачот му било овозможено да го оствари правото на глас.












