Група од 12 европски земји денес, на самит во Финска, ја повика Европската Унија (ЕУ) да го зајакне своето присуство на Арктикот поради руската закана, објави весникот „Ле Монд“ (Le Monde) со седиште во Париз.
„Ја повикуваме ЕУ да преземе постратешка и попроактивна улога во европскиот дел на Арктикот“, наведоа 12-те европски земји во заедничката декларација усвоена по самитот во градот Рованиеми во северна Финска.
Меѓу потписничките се Франција, Данска, Шведска, Германија и Грција.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, на прес-конференција изјави дека она што се случува на Арктикот не е регионално, туку европско прашање.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц нагласи дека треба да се зајакне ангажманот на ЕУ во регионот.
На крајот од средбата не беше донесена официјална одлука. Сепак, собирот се одржа пред очекуваното претставување на новата арктичка стратегија на Европската комисија.
Тоа претставување се очекува во наредните недели, а стратегијата има за цел да ја дефинира насоката на политиката на Брисел кон регионот за годините што доаѓаат, пренесе „Бета“.












