недела, ноември 1, 2026
Дома СВЕТ Демонстранти ограбија продавница за оружје во Франкфурт: Ситуацијата е драматична/ВИДЕО

Демонстранти ограбија продавница за оружје во Франкфурт: Ситуацијата е драматична/ВИДЕО

304
EPA/HANNIBAL HANSCHKE

Ситуацијата во Франкфурт ескалираше во вечерните часови, кога групи демонстранти се судрија со полицијата во центарот на градот.

За време на немирите беа искршени неколку излози, а беше ограбена и продавница за оружје, а според фоторепортер на „Ројтерс“, од продавницата било украдено најмалку едно оружје.

Група демонстранти се собраа пред продавницата и почнаа да удираат по излогот со камења, тупаници и нозе.

Стаклото прво напукна, а потоа целосно се скрши на неколку места.

Претходно, полицијата го растера протестот на „Генерација З“ во Франкфурт поради постојаните напади врз полициските службеници. Сепак, ситуацијата во градот не се смири ниту откако демонстрантите се разотидоа.

Настаните во Франкфурт уследија по протестите на „Генерација З“, одржани претходно истиот ден во повеќе германски градови, на кои, според проценките на организаторите, учествувале повеќе од 100.000 луѓе.

ИЗДВОЕНИ