понеделник, јуни 8, 2026
Дома СКОПСКА Уште 50 домаќинства се приклучија кон селекцијата на пластичен отпад во Лисиче

Уште 50 домаќинства се приклучија кон селекцијата на пластичен отпад во Лисиче

16

Општина Аеродром потпиша нови 50 договори со домаќинства од населба Лисиче кои активно ќе се вклучат во системската селекција на пластичен отпад, а на семејствата им беа поделени и специјални канти.

Од Општината велат дека големиот интерес на жителите покажал дека грижата за животната средина станува секојдневна навика во оваа Општина.

– Проектот веќе дава одлични резултати, а собирањето на отпадот се одвива редовно и организирано. Целта е да бидат опфатени вкупно 600 домаќинства, кои преку своето активно учество ќе придонесат за почиста и поздрава животна средина – информираат од локалната самоуправа.

Проектот го спроведува ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром, а собраниот отпад се предава на овластени компании за понатамошна обработка и рециклирање. За негов транспорт е обезбедено и специјално електрично товарно возило, што дополнително придонесува за намалување на загадувањето.

– Општина Аеродром е една од првите општини во државата која спроведува ваков системски проект за селекција на пластичен отпад директно од домаќинствата, поставувајќи пример за современ и одговорен пристап кон управувањето со отпадот – нагласуваат општинските власти.

Тие се заблагодарија на сите жители кои се приклучуваат и покажуваат дека вистинските промени започнуваат од сопствениот дом.

-Заедно градиме еколошки навики, подигнуваме свест и создаваме почиста иднина за генерациите што доаѓаат – сметаат од Општината.

(А.П.)

ИЗДВОЕНИ