Урбани скверови ќе се градат на три локации во Куманово. За таа цел, на последната седница на Советот на Општина Куманово со ребалансот на буџетот беа одвоени 9, 5 милиони денари за уредување на овие простори.
– Едната локација е на големиот Градски плоштад, поранешен угостителски објекти, втората спроти Комитет, исто така, поранешен угостителски објект и уште една кај „11 Октомври“ – изјави градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.
Претходно на овие локации, секторот за инспекциски надзор издаде решенија за отстранување на урбаната опрема на угостителските објекти. Во тој период имаше налог за отстранување на четири објекти во централното подрачје. Според деталниот урбанистички план, на овие локации не е предвидена изградба на паркинг-простор, туку партерно уредување.
На локациите, како што објаснија од Секторот за комунални дејности во Општина Куманово, ќе се постават урбана опрема, осветлување, детски реквизити, зеленило, скулптури.












