недела, ноември 15, 2026
Дома БАЛКАН Уапсен 19-годишен Македонец во Белград за обид за убиство на поранешниот водач...

Уапсен 19-годишен Македонец во Белград за обид за убиство на поранешниот водач на „Гробари“: Алибег бил застрелан со неколку куршуми

0

По налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, државјанинот на Македонија, А.А.(19) е задржан во притвор во траење до 48 часа, под сомнение дека на 8 јули 2025 година во Белград се обиде да му го одземе животот на Н.А.

Како што дознава „Танјуг“, оштетениот Н.А. е Ненад Алајбеговиќ, познат како Алибег, поранешен водач на навивачите на „Партизан“, кој бил застрелан со неколку куршуми.

Осомничениот се товари за кривично дело обид за убиство, како и за кривично дело неовластено производство, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материи, соопшти Вишото јавно обвинителство во Белград.

Се сомнева дека на 8 јули минатата година, на улицата „Народних хероја“, А.А. испукал неколку проектили од пиштол кон оштетениот Н.А., кој во тој момент се наоѓал во своето возило.

ИЗДВОЕНИ