– Групна тужба до Стразбур од сите што купиле стан од криминалциве во Чаир, за Општина Чаир и за лицата што ги граделе, да ги обесштетат и да им ги вратат парите. И највисоки казни за тоа што дозволиле да се градат небезбедни згради без испитана сеизмика, без проект, без архитектура, без статика, само, веројатно, од час по ликовно, на блок број 2 нацртан цртеж од овие петгодишни милионери – наведува на „Фејсбук“ градоначалничката  на Град Скопје, Данела Арсовска

 

Скопската градоначалничка, Данела Арсовска, го објави списокот со децата милионери, на возраст од 5 до 16 години, кои граделе згради во Чаир. Таа побара врз основа на доказите што се доставени,  институциите да утврдат, согласно со, како што вели, документите што им ги издал градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, од каде им се милионите.

Се работи за: Бујар Аземи, кој градел згради на 15 години; Бесим Аземи, кој градел згради на 11 години; Јасин Садики, кој градел на 5 години; Адис Беќаровски, кој градел на 5 години и Севда Лимани, која градела на 16 години.

Арсовска најави групна тужба во Стразбур од сите што купиле станови од нив, за сите вклучени, како што вели, во криминалот.

– Групна тужба до Стразбур од сите што купиле стан од криминалциве во Чаир, за Општина Чаир и за лицата што ги граделе, да ги обесштетат и да им ги вратат парите. И највисоки казни за тоа што дозволиле да се градат небезбедни згради без испитана сеизмика, без проект, без архитектура, без статика, само, веројатно, од час по ликовно, на блок број 2 нацртан цртеж од овие петгодишни милионери – наведува Арсовска.

Таа вели дека не можела да го пријави пред три години криминалот што Висар Ганиу го направил со фалсификати на 20 март оваа година, среде деновите на жалост за Кочани.

– Што ќе се случи следно? Најголемиот криминал сега, по обезбедените докази, лесно ќе се потврди со текот и со потеклото на парите, кои децата милионери не може да го докажат – напиша Арсовска на „Фејсбук“.

Таа додаде дека побарале од институциите да утврдат како потврдиле овие деца на 5, 11, 15 и 16 години, без лична карта, без деловна способност, во Општина Чаир дека граделе и како Висар Ганиу со фалсификати им ги легализирал небезбедните згради.

(А. П.)

 

ИЗДВОЕНИ