Социјалните мрежи вријат од коментари по трагичната несреќа во која загина 68-годишен маж (Ј. Н.) на пешачка патека на кејот на Вардар, спроти Паркот на франкофонијата, откако во него удри мотоцикл. Кога се случило тоа, тој буквално бил пред влезот на својата зграда за да фрли ѓубре. Граѓаните се бесни, огорчени, но и стравуваат за својата безбедност, уште повеќе што избегале сторителите (на моторот биле двајца), а во близина на местото на несреќата имало и околу 30 деца, кои си играле. Професорот на Техничкиот факултет во Битола, на Отсекот за сообраќај и транспорт, Никола Крстаноски, вели дека со децении, кога станува збор за безбедноста во сообраќајот, работите кај нас се испуштени од раце.

– Денес имаме состојба на масовно непочитување на сообраќајните правила и прописи. Особено е лоша состојбата со управувањето мотори мотоцикли – изјави Крстаноски за весникот ВЕЧЕР.

Во јуни, во Скопје се случиле 46 сообраќајни незгоди, а 27 од нив биле со мотоцикл. Од нив, две биле со материјална штета, 15 со телесни повреди, девет со тешки телесни повреди и една со смртни последици

 

Социјалните мрежи вријат од коментари по трагичната несреќа во која загина 68-годишен маж (Ј. Н.) на пешачка патека на кејот на Вардар, спроти Паркот на франкофонијата, откако во него удри мотоцикл. Кога се случило тоа, тој буквално бил пред влезот на својата зграда за да фрли ѓубре.

Граѓаните се бесни, огорчени, но и стравуваат за својата безбедност, уште повеќе што избегале сторителите (на моторот биле двајца), а во близина на местото на несреќата имало и околу 30 деца, кои си играле.

– Она што најмногу боли е што човекот не бил ни на улица, туку на тротоар. Само излегол од дома. Апсурдно е, трагично, бесмислено – животот кај нас не вреди ни пет пари! – пишува граѓанин.

Други, пак, бараат да се применат безбедносни мерки, како што наведуваат, да се постават бетонски прегради и столбови во пешачките зони за да не може ни случајно да помине мотор.

При тоа, се надеваат дека сторителите ќе бидат фатени и казнети како што заслужуваат.

Од МВР известија за несреќата дека мотоцикл марка „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот Ј. Н. (68) од Скопје. Возачот, по инцидентот, го напуштил местото на настанот, а на мотоциклот имало и сопатник, кој, исто така, е повреден.

– Пешакот се здоби со тешки телесни повреди и беше пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што, за жал, почина. Сопатникот на мотоциклот, Х. И. (26), се здоби со телесни повреди и е хоспитализиран во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Во моментот, полицијата извршува увид и презема мерки за пронаоѓање на возачот, кој избегал од местото на несреќата – соопштија од МВР.

Несреќата повторно го отвори прашањето колку се безбедни пешаците додека се надвор, како учесници во сообраќајот.

Од МВР велат дека за сторителите на вакви сообраќајни несреќи се предвидени казни по член 297 од Кривичниот законик за загрозување на безбедноста во сообраќајот, како и по членовите 300 и 301 за тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода, за што за сторителите е предвидена казна затвор до пет години.
Оттаму кратко информираа дека на територијата на СВР Скопје, во јуни се случиле 46 сообраќајни незгоди, а 27 од нив биле со мотоцикл. Од нив, две биле со материјална штета, 15 со телесни повреди, девет со тешки телесни повреди и една со смртни последици.

Но, не прецизираа што може да се стори за граѓаните да не се плашат за својата безбедност и за да не случуваат вакви сообраќајни несреќи.

Професорот на Техничкиот факултет во Битола, на Отсекот за сообраќај и транспорт, Никола Крстаноски, вели дека со децении, кога станува збор за безбедноста во сообраќајот, работите кај нас се испуштени од раце.

– Затоа денес имаме состојба на масовно непочитување  на сообраќајните правила и прописи. Особено е лоша состојбата со управувањето мотори мотоцикли – изјави Крстаноски за весникот ВЕЧЕР.

Тој додава дека не само во сообраќајот туку и во воспитувањето на младите генерации има голем пропуст.

– Се чини дека отсуствува воспитувањето од мали нозе, па сè до полнолетство, за да се постигнат некакви позитивни ефекти во однос на безбедноста во сообраќајот – дециден е Крстаноски.

Според него, потребни се добро осмислени и координирани активности од бројни институции и организации, кои ќе работат темелно и долгорочно, а, секако, и засилени контроли и казни, како мерки за ублажување на состојбата.

– Кога станува збор за сообраќајот во градовите, ако се спроведе системот со камери за негово следење, кој се најавува и кој одамна требаше да биде воведен, може да резултира со позитивни ефекти. Впрочем, тоа е искуство од сите поразвиени земји, каде што жителите, кои имаат далеку повисоко ниво на култура и однесување, се подложни на постојано мониторирање и контрола на нивното однесување во сообраќајот – наведе Крстаноски.

(А. П.)

 

 

 

ИЗДВОЕНИ