Во Културно-информативниот центар во Скопје, на 29 октомври, во 20:00 часот, ќе биде отворена изложбата „Простор во цут“ на Татјана Манева.
– Цветот, како симбол на животот, убавината и на промената, има значајно место во најновиот циклус дела на Манева. Во комбинација со женската фигура, тој станува носител на атмосфера во која доминираат топлината, елеганцијата и чувството на внатрешен мир. Авторката создава визуелен свет во кој природата и човекот се поврзани преку бојата, светлината и внимателно изградената композиција, отворајќи простор за лично доживување и интерпретација – вели кустос Зорица Ташовска-Илова.
Татјана Манева (1978, Битола) е визуелна уметница што работи во областа на сликарството и на рафиката. Има реализирано бројни самостојни изложби во земјава и во странство, меѓу кои: „Знаковни метаморфози“ (Битола, 2002), „Писма, знаци, симболи“ (Скопје, 2004), „Ne lisez pas“ (Париз, 2005), „Везилка“ (Скопје, 2006), „Париски слики“ (Скопје, 2007), „Митологијада“ (Скопје, 2007; Подгорица и Тиват, 2009), „Spiritual Gold“ (Берлин, 2009), „Неоткриен свет“ (Скопје, 2012), „Градот и природата“ (Скопје, Амстердам, Њујорк, 2013–2014), „Остров“ (Скопје, 2015; Хонг Конг, 2016), „Дрво на животот“ (Куманово, 2019; Скопје, 2020), „Имагинариум“ (Битола, 2022), „Colors of the Soul“ (Тирана, 2024) и „Connected“ (Стокхолм, 2025).
Изложбата ќе биде отворена до 14 ноември.












