Најмалку 64 луѓе загинаа, а голем број се повредени откако два брзи воза се судрија денеска во централната шпанска покраина Толедо, што доведе до прекин на железничките услуги што ги поврзуваат Мадрид со Сиудад Реал и Андалузија, објави Си-ен-ен.
Операторот на шпанската железничка инфраструктура АДИФ ја потврди несреќата, но не објави дополнителни детали за причините за неа. Според шпанскиот јавен радиодифузен сервис ТВЕ, двата воза се движеле во иста насока кога едниот удрил во задниот дел од другиот, по што два вагона излегле од шините.
Accidente ferroviario en la línea de alta velocidad entre Los Yébenes y Urda.#renfe #adif #accidente pic.twitter.com/KdQys8zSkp
— demofake (@freeactas) October 28, 2026
Повикувајќи се на извори од Министерството за транспорт, весникот АБЦ објави дека работник вршел поправка на дефект во сигналниот систем, поради што едниот од возовите не добил предупредување дека другиот воз е во близина. Во едниот воз имало 397, а во другиот 147 патници.












