петок, јули 31, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА „Тур де Галичица 2026“ на Липова Ливада

„Тур де Галичица 2026“ на Липова Ливада

98

Националниот парк „Галичица“ на 21 јуни 2026 година (недела) ги кани заинтересираните да поминат незаборавен ден исполнет во природа, со рекреација и со автентичните вкусови од Преспа и од Охрид. Станува збор за настанот „Тур де Галичица 2026“, кој ќе се одржи на Липова Ливада, во рамките на НП „Галичица“.

– Посетителите ќе имаат можност да уживаат и во саем на локални производи, каде што ќе бидат претставени традиционални и домашни производи од регионот: мед, сирење, овошје, чаеви, ракотворби и многу други локални специјалитети. Воедно, предвидена е велосипедска тура низ прекрасните предели на Галичица. Доживејте ја уникатната природа помеѓу Охридското и Преспанското Езеро. Поминете пријатни моменти со семејството и со пријателите – повикуваат од НП „Галичица“.

 

ИЗДВОЕНИ