недела, јуни 14, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Ќе се изнајмуваат електрични велосипеди на повеќе локации во Битола

Ќе се изнајмуваат електрични велосипеди на повеќе локации во Битола

8

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, на седницата на која се носеше ребалансот на буџетот за 2026 година кажа дека во Програмата за животна средина се планирани 4.800.000 денари за набавка на електрични велосипеди, што ја потврдува тенденцијата Битола да стане велоград, преку создавање велоинфраструктура, но и набавка на велосипеди што ќе можат да ги користат граѓаните.

Како што објасни претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, новите електрични велосипеди ќе бидат на принципот „изнајмување преку апликација“, по симболични цени, на изградените велосипедски патеки, односно граѓаните ќе имаат можност да ги изнајмуваат на неколку пункта, со цел да ги користат велосипедските патеки.

ИЗДВОЕНИ