Во првите три месеци од 2026 година, Буџетот бележи стабилна реализација и пораст на приходната страна, што укажува подобрена наплата. Вкупните приходи во Буџетот достигнаа 81,2 милијарди денари, што претставува пораст од 5,7 % во однос на истиот период во 2025 година. Вкупните приходи од даноци се зголемени за 4,7 %, при што највисок пораст се забележува кај Данокот на добивка од 23,6 % и Данокот на личен доход од 12,3 %.

– Повратот на ДДВ е зголемен за 17,3 %, или вкупно кон стопанството се вратени 12 милијарди денари. Воедно, приходите од увозни давачки се повисоки за 9,1 %. Пораст е забележан и кај неданочните приходи од 16,4 % во првиот квартал од 2026 година споредено со истиот период минатата година – информираат од Министерството за финансии.

На расходната страна, вкупните расходи изнесуваат 106,3 милијарди денари, што претставува пораст од 18,4 % споредено со првиот квартал минатата година. Особено е значаен порастот на капиталните расходи, кои во првиот квартал достигнаа 8,3 милијарди денари, што е зголемување од 196,5 % во однос на истиот период лани, што укажува на засилена динамика на реализација на капиталните инвестиции – велат од Министерството за финансии.

ИЗДВОЕНИ