петок, јуни 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Кочани доби контејнери за текстилен отпад

Кочани доби контејнери за текстилен отпад

62

По договорот склучен помеѓу Општина Кочани и лиценцираната компанија за екотекстил „Екотекс груп“, како еден од колективните постапувачи во Македонија, денеска во Кочани пристигнаа 10 контејнери за текстилен отпад, отстапени за трајно користење на Општината.

Еден од контејнерите за текстилен отпад е лоциран во дворот на ОУ „Свети Кирил и Методиј“ во Кочани, а другите ќе бидат сместени во другите седум училишта и во детската градинка, каде што граѓаните ќе можат да го остават својот текстилен отпад, односно текстилните производи што повеќе не ги користат.

– Целта е текстилниот отпад да не се исфрла на депониите, каде што тешко се разградува. Откако ќе се наполни контејнерот, компанијата „Екотекс груп“ ќе го испразни за тој да продолжи на натамошен третман – соопштија од Општина Кочани.

Според законите за управување со отпад, општините, како клучен столб во системот за управување со отпадот, имаат задача да воспостават собирни центри и контејнери за текстил. За таа цел, Општина Кочани ги повикува граѓаните да го селектираат текстилниот отпад совесно, користејќи ги соодветните контејнери.

 

ИЗДВОЕНИ