вторник, октомври 27, 2026
Дома МАГАЗИН Може да уживате во омиленото овошје, научниците открија потенцијал за побавно стареење...

Може да уживате во омиленото овошје, научниците открија потенцијал за побавно стареење и борба против фиброзата

0

Полифенолите од два вида бобинки би можеле да го забават клеточното стареење и развојот на фиброза – замена на здравото ткиво со ткиво слично на лузна, се наведува во истражувањето на научници од Државниот универзитет во Сургут и Националниот центар за биотехнологија на Казахстан.

Според Људмила Коваленко, директорка на Медицинскиот институт при Универзитетот во Сургут, ефектот на полифенолите во забавувањето на клеточното стареење бил најизразен кај боровинките и брусницата, пренесува „РИА Новости“. Истражувачите анализирале видови на бобинки одгледани во регионот Сургут, во северна Русија.

Соединенија од боровинки и брусници го регулираат стареењето
Полифенолите се растителни соединенија кои, покрај тоа што ги штитат растенијата од штетници, болести и ултравиолетово зрачење, поседуваат антиоксидативни и антиинфламаторни својства. Научниците утврдиле дека соединенијата што се наоѓаат во боровинките и брусниците имаат потенцијал да ги регулираат процесите на клеточно стареење и развојот на фиброза. Фиброзата подразбира создавање на лузново ткиво и може да ги зафати белите дробови, црниот дроб, бубрезите, срцето и цревата.

Според Коваленко, истражувањето укажува на можноста за користење на полифеноли со цел намалување на ризикот од појава на фиброза и забавување на нејзината прогресија – особено во случајот со пулмонална фиброза.

Истражувачите истакнаа дека овие наоди би можеле да послужат како основа за развој на функционални прехранбени производи, а долгорочно гледано, и на лекови за третман на фиброза. Студијата е спроведена во рамките на проект на Државниот универзитет во Сургут, насловен „Биомедицински решенија за персонализирана медицина“, и е објавена во списанието *Biomedicines*.

ИЗДВОЕНИ