петок, јуни 5, 2026
Дома МАГАЗИН Мишко Крстевски стана дедо на своето четврто внуче – Огнен: Радост голема!

Мишко Крстевски стана дедо на своето четврто внуче – Огнен: Радост голема!

157

Популарниот македонски фолк-пејач и победникот на „Валандовскиот фолк-фест“, Мишко Крстевски, има голема причина да слави и да се радува. Тој веќе го прави тоа, а причината е навистина единствена. Тој стана среќен дедо на своето четврто внуче. Овој пат, на свет дојде неговиот внук Огнен, од синот Кирил и снаата Анастасија, кои живеат во Германија. По внучињата Мишела, Илијана и Софија, сега Мишко и неговата сопруга ги израдува и Огнен.– Добре дојде Огнен, внуче наше мило. Среќа на мама, тато и на дадичка Софи, а на баба и дедо радост најголема, порача Мишко по објавената принова во семејството.

Веднаш се редеа неброено многу честитки, а среќниот дедо сите ги покани на мекици, како што е редот.

– Да ви е здраво, среќно и сакано внучето, да е живо и распеано на дедо Мишко. Огнен да расте голем со мама и тато, само убавини нека носи… се дел од честитките.    А, убавините се, секако, веќе тука, со самото доаѓање на овој свет на малиот Огнен. Со толку убаво огнено вистинско машко име.

(Д. М.)

ИЗДВОЕНИ