Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ вчера започна тридневна акција за чистење на пешачките и на велосипедските патеки покрај булеварот „Александар Македонски“ во Општина Гази Баба.
– Во рамките на акцијата се реализира чистење, како и рачно и машинско метење и миење на целокупниот простор на патеките, со цел непречено движење на пешаците и на велосипедистите. Активностите се одвиваат во координација со ЈП „Паркови и зеленило“ – соопштија од „Комунална хигиена“.












