сабота, јуни 6, 2026
Дома СКОПСКА Трибина „Заштита од вознемирување на работното место врз жените, дискриминација и права...

Трибина „Заштита од вознемирување на работното место врз жените, дискриминација и права од работниот однос“

138

Во организација на Општина Кисела Вода, денеска се одржа едукативна трибина насловена „Заштита од вознемирување на работното место врз жените, дискриминација и права од работниот однос“.

Настанот имаше цел да отвори суштински дијалог за заштитата на професионалниот интегритет на жената и за обезбедувањето  механизми за правна и за институционална поддршка.

Во своето обраќање на настанот, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, ја истакна важноста на информираноста како основен предуслов за заштита на достоинството.

– Вистинската моќ на една жена извира од нејзината информираност. Силна жена е онаа што беспрекорно ги познава своите права, која е економски независна и која поседува храброст бескомпромисно да се спротивстави на секаков облик на неправда. Наша колективна обврска е да ја подигнеме свеста и гласно да порачаме дека ниту една форма на вознемирување или насилство, физичко или психолошко, не е нормалност и никогаш не смее да биде премолчена – порача Стаменкоска-Трајкоска.

Главниот дел од трибината беше посветен на стручните излагања на професионалци, кои низ практични примери и правно елаборирање понудија конкретни насоки за институционална заштита. Адвокатот Јанаки Митровски детално ги образложи правните механизми и процедури што им стојат на располагање на жените во случај на повреда на правата од работниот однос, акцентирајќи ја важноста на правната едукација.

Свое обраќање имаше и Наташа Амдију, членка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, која се осврна на улогата на институциите во препознавањето и санкционирањето на секоја форма на дискриминаторско однесување во работната средина.

Оваа трибина е значаен дел од континуираните заложби на Општина Кисела Вода за креирање средина во која достоинството на жената е приоритет.

 

ИЗДВОЕНИ