сабота, јуни 6, 2026
Дома СКОПСКА Почна голема акција за уредување на парковите и на булеварското зеленило

Почна голема акција за уредување на парковите и на булеварското зеленило

76

Општина Аеродром, во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“, денеска почна голема акција за уредување и разубавување на парковите и на булеварското зеленило на нејзина територија.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и в.д. директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Муамер Сефери, извршија увид на терен, каде што, на повеќе локации, работат екипите со соодветна механизација.

– Се врши машинско косење на тревните површини, собирање на откосот и лисјата, кроење и уредување на вегетацијата, обликување на дрворедите покрај велосипедските патеки, како и одржување на чистотата и отстранување на собраната зелена маса. Овие активности се од особено значење за Општината, бидејќи уреденото и одржувано зеленило директно придонесува за поквалитетна животна средина, повеќе простор за рекреација и подобри услови за секојдневниот живот на граѓаните – соопштија од локалната самоуправа.

Општина Аеродром ќе продолжи со ваквите акции и во наредниот период.

ИЗДВОЕНИ