Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека војната со Иран „наскоро ќе заврши“ бидејќи, како што рече, „практично нема што да се пука во неа“.
„Кога и да сакам да заврши, ќе заврши“, рече Трамп во петминутно интервју за американски „Аксиос“.
Американскиот претседател подоцна додаде дека војната „одеше одлично“, објави „Гардијан“.
„Војната одеше одлично“, рече Трамп.
„Далеку сме пред распоредот. Направивме поголема штета отколку што мислевме дека е можно, дури и во првично планираниот шестнеделен период“.












