четврток, јуни 4, 2026
Дома МАГАЗИН Остро предупредување до производителот на Оземпик: Во САД се сомневаат на потенцијални...

Остро предупредување до производителот на Оземпик: Во САД се сомневаат на потенцијални несакани ефекти

104

Ново Нордиск доби предупредувачко писмо од Американската администрација за храна и лекови (FDA) во врска со потенцијалните несакани ефекти од нивниот лек Оземпик, кои компанијата не ги пријавила.

Инцидентите вклучуваат два смртни случаи кај пациенти кои земале семаглутид, активната состојка и во Оземпик и во лекот за дебелина Вегови, соопшти агенцијата во писмо од 5 март.

FDA не прецизираше дали смртните случаи или другите несакани ефекти се директно поврзани со лекот. Ново Нордиск соопшти дека има намера да одговори на барањата на FDA „што е можно поскоро“.

Предупредувачкото писмо доаѓа во време кога Ново Нордиск се обидува да ги врати пациентите на брзорастечкиот пазар на лекови за дебелина, каде што го изгуби лидерството од конкурентот Ели Лили и Ко. Соединетите Американски Држави се најголемиот пазар за овое видов на лекови.

ИЗДВОЕНИ