четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Се појавија нови детали за здравствената состојба на новиот ајатолах: „Мислам дека...

Се појавија нови детали за здравствената состојба на новиот ајатолах: „Мислам дека е во болница, не може да одржи говор“

617
EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, претрпел скршено стапало и полесни повреди на првиот ден од кампањата за бомбардирање меѓу САД и Израел, изјавил извор запознаен со ситуацијата за „Си-ен-ен“.

Според изворот, покрај повреденото стапало, Хамнеи има и модринка околу левото око и помали исеченици на лицето.

Израелски извор претходно изјавил за „Си-ен-ен дека Хамнеи бил повреден во обид за атентат минатата недела, а гласините за неговите повреди кружат со денови.

Хамнеи не се појавил јавно ниту проговорил откако беше објавено дека ја презема највисоката функција во земјата по смртта на неговиот татко, врховниот лидер ајатолах Али Хамнеи.

Иранските државни медиуми и пропагандни мрежи во последните денови користат архивски снимки и компјутерски генерирани слики од Моџтаба Хамнеи.

ИЗДВОЕНИ