сабота, септември 12, 2026
Дома СВЕТ Трамп: Војната со Иран ќе заврши многу брзо

Трамп: Војната со Иран ќе заврши многу брзо

0
Фото: PA/AL DRAGO / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата изјави дека војната со Иран би можела да заврши „многу брзо“, тврдејќи дека Техеран се обидува да го одолговлече конфликтот за да влијае врз изборите, пренесе „Ал Арабија“.

По средбата со ирскиот премиер Мајкл Мартин во Ирска, Трамп рече дека очекува војната наскоро да заврши, повторувајќи дека на Иран не смее да му се дозволи да поседува нуклеарно оружје.

„Мислам многу брзо“, рече Трамп кога беше прашан кога би завршила војната, додавајќи:

„Мислам дека тоа веројатно ќе биде веднаш по изборите.“

Трамп тврдеше дека Иран се обидува да „издржи што е можно подолго за да ги искомплицира изборите“, но изјави дека САД нема да му дозволат на Техеран да дојде до нуклеарно оружје.

„Иран не може да има нуклеарно оружје. Тоа е многу едноставно“, рече тој, додавајќи дека цените на нафтата нагло би паднале штом ќе заврши конфликтот.

Осврнувајќи се и на тензиите во Црвеното Море, Трамп рече дека јеменските Хути стапиле во контакт со САД за да кажат оти не сакаат конфликт со Вашингтон.

„Тие не сакаат да се борат против нас“, рече Трамп, додавајќи дека групата дозволува повеќето бродови да минуваат низ тој воден пат.

Трамп тврдеше дека САД воспоставиле силна контрола врз областа преку агресивна поморска блокада и дека пресретнуваат околу 25 пловни објекти дневно, „повеќето од нив ноќе“.

Тој рече дека САД очекувале конфликтот да ги зголеми цените на нафтата, но сугерираше дека цените ќе паднат штом ќе заврши војната со Иран.

Трамп исто така ја бранеше улогата на својата администрација во однос на Газа, отфрлајќи ги критиките дека Вашингтон овозможува геноцид или израелска окупација на Западниот Брег. „Кога велите Газа, знаете дека ние го изгаснавме пожарот и ги вративме сите заложници“, рече тој, осврнувајќи се на напорите за кои тврди дека довеле до ослободување и враќање на заложниците држени во Газа.

ИЗДВОЕНИ