Американскиот претседател Доналд Трамп денес ја повтори својата закана дека ќе ја уништи енергетската инфраструктура на Иран во отсуство на договор за прекин на конфликтот на Блискиот Исток.
„Можев да го уништам Иран за еден ден. Можев да го уништам за еден час“, изјави американскиот претседател во емисијата „Фокс њуз“.
Трамп додаде дека ќе ја нападне „целата енергетска инфраструктура, сите фабрики, сите електрани, што е значајно“.
Разговорите за прекин на огнот меѓу САД и Иран, што двете земји ги водеа во Пакистан, завршија синоќа без конкретно решение и одговор на прашањето што ќе се случи откако ќе истече првично договореното 14-дневно примирје.












