EPA/SEBASTIEN NOGIER

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Карлос Алкараз во финалето на мастерс турнирот во Монте Карло со 7:6, 6:4 и го презеде првото место на АТП листата.

Шпанецот ќе има многу за жалење, бидејќи во двата сета прв направи брејк, поведе, а потоа како да се „исклучи“. Премногу грешки, подароци и потврди дека е во криза во овој момент.

Со оваа титула, Италијанецот успеа нешто што досега само Новак Ѓоковиќ (во 2015 година) го успеа. Тој ги освои првите три Мастерс во сезоната (Индијан Велс, Мајами и Монте Карло). На овој начин, ја продлабочи кризата на својот најголем ривал.

EPA/SEBASTIEN NOGIER

Алкараз многу се мачи, губејќи во последно време. Поразот од Синер не е толку голем проблем колку поразите што му се случуваат по совршениот почеток на сезоната и 16 победи по ред.

Алкараз водеше со 2:0 во првиот сет, Синер веднаш го врати брејкот, беше подобар и со многу среќа, Карлос го одведе мечот во тајбрејк. Таму, му го подари сетот на својот ривал со двојна сервис грешка на сет топката.

Во вториот сет, шпанскиот играч започна подобро, направи брејк и поведе со 3:1. Се чинеше дека има целосна контрола и трет сет требаше да се игра. Но, потоа Синер ги зеде работите во свои раце, освојувајќи пет од следните шест гема и доаѓајќи до голема победа.

 

ИЗДВОЕНИ