сабота, октомври 24, 2026
Дома СВЕТ Голема рација во Италиja: Над 150 претреси по насилните немири

Голема рација во Италиja: Над 150 претреси по насилните немири

32

Италијанската полиција изврши повеќе од 150 претреси во Милано, Монца и 20 други градови – главно во Ломбардија – како дел од истрагата покрената по немирите што ја зафатија Италија минатиот викенд, објави АНСА.

Италија се соочува со голем тест, при што за денеска се планирани десетици демонстрации.

Во средата, италијанската влада усвои уредба за итни мерки со цел одржување на јавната безбедност и сузбивање на малолетничката деликвенција, по неодамнешните демонстрации и насилни судири во Милано.

Мерките вклучуваат превентивен притвор за малолетници, построги казни за организирано насилство, како и распоредување на дополнителни 500 војници на градските улици.

Според новите правила, се воведува претпоставка за кривична одговорност за малолетниците кои наполниле 14 години; ќе се смета дека тие се способни да го разберат значењето на своите постапки и да го контролираат своето однесување, освен ако не се докаже спротивното.

ИЗДВОЕНИ