Безживотното тело на 75-годишна македонска државјанка било извлечено од морскиот дел во Неа Каликратија на Халкидики, со возило на брза помош жената била пренесена во здравствен центар, каде што била констатирана смрт.
По интервенцијата, таа била преземена од екипа на Итната медицинска помош и пренесена во Здравствениот центар во Неа Муданија, каде што лекарите констатирале смрт, објавија грчките медиуми.
Од Крајбрежната служба на Грција соопштија дека вчера во попладневните часови биле информирани дека „75-годишна странска државјанка (државјанка на Република Северна Македонија) била извлечена без знаци на живот од морската област „Неа Каликратија“ во општина Неа Пропонтида, Халкидики“.
По наредба на надлежните органи, ќе биде извршена и обдукција за утврдување на причините за смртта.












