четврток, јуни 18, 2026
Дома СВЕТ Пакистанскиот министер за надворешни работи соопшти: Церемонијата за потпишување на меморандумот меѓу...

Пакистанскиот министер за надворешни работи соопшти: Церемонијата за потпишување на меморандумот меѓу САД и Иран е откажана

0
Фото: EPA/SHAHZAIB AKBER

Церемонијата за потпишување на меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран, која беше закажана за утре во Женева, е откажана бидејќи документот веќе е потпишан од далечина, изјави денес пакистанскиот министер за надворешни работи Ишак Дар за „Би-би-си“.

Висок пакистански функционер претходно изјави за BBC дека пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф ја одложува посетата на Женева, велејќи дека „следната фаза ќе се спроведе преку одделни технички процеси за повеќе прашања во рамките на оваа сеопфатна рамка“.

Прашања во врска со церемонијата се појавија откако Шариф рано утрово ја измени својата објава на платформата на социјалните медиуми „Икс“, отстранувајќи дел во кој се наведуваше дека „Пакистан, со поддршка на Државата Катар, ќе биде домаќин на официјална церемонија на 19 јуни 2026 година во Швајцарија за да се одбележи овој значаен настан и да се започнат технички разговори“, пренсе „Танјуг“.

Вашингтон и Техеран претходно потврдија дека американскиот претседател Доналд Трамп и иранскиот претседател Масуд Пешмерга потпишаа Меморандум за разбирање меѓу САД и Иран за прекин на конфликтот во регионот на Блискиот Исток.

ИЗДВОЕНИ