сабота, ноември 21, 2026
Дома СВЕТ Трагичен инцидент во Словачка: Во напад со нож во основно училиште, ученик...

Трагичен инцидент во Словачка: Во напад со нож во основно училиште, ученик усмрти наставничка, две лица се повредени

53

Наставничка во Словачка денес беше убиена со нож во напад извршен од ученик во основно училиште, додека две други лица се сериозно повредени, соопштија властите.

Полицијата изјави дека е приведен 13-годишник осомничен за нападот во северозападниот дел на земјата, дека ситуацијата е под контрола и дека нема дополнителна опасност за јавноста. Мотивот за нападот засега е непознат.

Убиената наставничка имала 61 година. Меѓу повредените се ученик во критична состојба и 41-годишен наставник кој е хоспитализиран со тешки повреди, соопштија словачките служби за итни случаи.

Претседателот Петер Пелегрини изјави дека е „длабоко потресен од трагичниот инцидент“ во училиштето во Сташков. Тој и премиерот Роберт Фицо изразија сочувство до семејствата на жртвите.

„Настани како овој служат како сериозно предупредување за целото наше општество. Затоа е уште поважно да посветиме посебно внимание на атмосферата што ја создаваме во општеството. Потребни ни се повеќе мир, почит и внимателност“, рече Пелегрини.

Министерот за внатрешни работи Матуш Шутај Ешток, министерот за образование Томаш Друкер и министерот за здравство Камил Шашко отпатуваа во Сташков, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ