Поранешниот началник на италијанската полиција, Џани де Џенаро, кој беше под истрага за наводно попречување на најновата истрага за мафијата, наводно си го одзел животот пукајќи во себе во својата тосканска фарма, објави денес АНСА.
Италијанската влада соопшти дека Де Џенаро починал на 78-годишна возраст, без да даде детали, а италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека е „длабоко шокирана од трагичната смрт на Џани де Џенаро“.
Де Џенаро, кој ја предводеше италијанската полиција од 2000 до 2007 година и беше еден од највлијателните италијански безбедносни службеници во последните децении, беше пронајден мртов во својата фарма откако роднините кренаа тревога кога не можеа да го контактираат.












